„Ќе си лежите!“, во еднинa

Ако не ме лажат расположливите информации, заштитетниот сведок на судењето за 27 април во детали ја потврдил теоријата која на целата јавност ѝ е одамна позната: зад инспирацијата, планирањето и наредбите за егзекуција на обидот за државен удар стојат две имиња – еден врвен политичар и еден негов висок советник, познат во таа структура како „малиот нацист“ – од самиот врв на владата на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски.

Ништо ново. Освен што имињата се, сега веќе, и официјално воведени во судските списи. Но, тој факт фрла нова околност во правното процесуирање на овој кривично-правен настан: од една страна, надлежниот јавен обвинител може веднаш да побара приведување на овие две лица за нивен распит и понатамошен соодветен кривичен третман во судскиот процес; и, можеби уште поважно, падната е „психолошката бариера“ кај другите десетици обвинети за тешките дела со кои се товарат, за и самите да решат дали, од тука натаму, нема да бидат активни соработници на правдата, за да добијат подобар третман за себе при казнениот расплет на, веројатно, најголемиот и најважен судски процес во поновата македонска историја.

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e