Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:
-Претседателот Иванов може да седне на обвинителна клупа доколку предистрагата покаже дека двапати го прекршил членот 75 од Уставот. Многу сериозно обвинување кое може да биде предмет на судски процес првпат во историјата на Република Македонија против актуелен шеф на државата. Предистражната постапка на обвинителството е отпочната по две анонимни кривични пријави кои се во директна врска со непотпишување на законот за јазиците и договорот со Грција, кои двапати се изгласани и ратификувани во Собранието, што според поднесувачите на кривичната пријава значи кршење на Уставот. Веќе се преземени дејствија за проверка на наодите од пријавата и се побарани информации од Собранието, но и од Кабинетот на претседателот Иванов одговор кои се причините што не ги потпишал указите поради кои изгласаните закони не се објавени во „Службен весник“ и не можат да стапат во сила со што на државата ѝ се нанесува голема штета и се доведува во прашање нејзината безбедност, иднина и развој.
Претседателот Иванов со своите одлуки ги блокираше стратегиските приоритети и интереси на Република Македонија бидејќи договорот од Преспа, кој е ратификуван во Собранието, е предуслов за членство во НАТО и за почнување на преговорите со ЕУ, а законот за јазиците, исто така, кој на двапати е изгласан, со неговото попречување може да предизвика меѓуетнички конфликти и дестабилизација на земјата.
Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.