Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:
-За оние кои сакаат да веруваат во резултатите на истражувањата на јавното мислење – јас, на пример, мислам дека современиот процент на луѓето кои, свесно или несвесно, лажат во одговарањето на прашањата во анкетите е загрижувачки голем и покрај сите статистички мерки на предострожност со примена на тнр. пондерирање на резултатите – изминатите денови можеа да се насладуваат на најновата анкета за политичките трендови во Македонија изработена по нарачка на ТВ Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Да ја скратиме долгата приказна, со неопходно генерализирање: објавените резултати покажуваат дека Македонија е поделена земја меѓу ВМРО-ДПМНЕ и сите останати, со не многу големо, „шарено“, но функционално мнозинство испитаници кои ја поддржуваат досегашната работа на оваа Влада. Дотолку повеќе што Заев е далеку пред сите по поддршката во јавноста, оставајќи ги зад себе на безбедна статистичка дистанца скоровите на Иванов, Груевски и Мицкоски – собрани заедно! Дополнително, доколку утре се одржат избори, СДСМ би можело да се надева на победа, со благ растечки тренд меѓу етничките албански гласачи.
Велам, доколку сакате да верувате на анкетни резултати, ова истражување упатува на заклучокот дека референдумот за името во септември годинава има реални шанси за доволна излезност на граѓаните и преодна оценка за „пакетот“ со решение зад кое ќе застанат сегашните владејачки партии. Тоа е она што е важно, ако ви е важно. Другото е лук и вода.
Колумната во цеслост прочитајте ја ТУКА.