Каков премиер и каква влада сакаме

Лесно е да се направи портрет на идеален премиер и компетентна политичка коалициона влада, но друго е каква влада ќе добиеме. Премиер на Северна Македонија ќе биде или Зоран Заев или Христијан Мицкоски. Тоа е реалноста.

Многу е лесно да се напише убав список на желби и да се портретира идеален премиер и каква влада сакаме, или каква влада и треба на Македонија, но сосема нешто друго е каква влада ќе добиеме. Може да се направи без посебни тешкотии фантастична илузија и од собраниски состав кој ќе биде гарант на вистинска парламентарна демократија и уставна поделба на власта. Но, на крајот ќе добиме повторно 120 партиски послушници и гласачки машини.

Кој не би сакал за премиер докажан, способен, харизматичен, чесен, храбар, одговорен политичар кој ги почитува законите и уставот. Кој не би прифатил личност од голема доверба на јавноста, искусен реформатор, кој знае да состави компетентен министерски тим кој е искусен и вешт да управува со државата и институциите на системот.

Заев или Мицкоски

Да, да… ни треба претседател на влада кој има демократски капацитет, широка култура, толерантен, подготвен на компромиси, кој ја уважува опозицијата, на кој му се отворени вратите кај светските и комшиските државници и политичари, кој знае да раководи во деликатни коалициони односи, кој ја прифаќа одговорноста и очетноста за својата работа и на своите министри и соработници. Таков би бил портретот на идеален премиер и компетентна политичка коалициона влада.

Реалноста е сосема поинаква. Нашиот избор паѓа на една од две личности. Премиер на Северна Македонија, ако се помине во најдобар ред со изборите, ќе биде или Зоран Заев или Христијан Мицкоски. Пратеници ќе бидат првите, што познати, што непознати имиња на бирачките списоци на големите четири – пет политички партии и на нивните коалициони партнери. Пак ќе се бираат партии, а не пратеници. Тоа е вистината. Изненадувања ќе нема.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e