Како Мицкоски и помага на владата

На порталот plusinfo.mk го прочитав изјавата на Мицкоски под наслов: „Подавам рака да помогнам, ќе дојдам и во владата ако треба само да се извлечеме од кризата„ од 28 март 2020 година. Тој го изложи начинот на кој според него, владата може да дојде до 1 милијарда 200 милиони евра без кратење на плати, удирање по бизнисот и работниците. И тоа ќе го соопшти во три чекори.
Во воведот наведува дека не говори од политички и политикански побуди, туку фактографски со бројки. Таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена. Она што владата нема да го признае, а сега јасно се гледа од податоците, е дека ние сме биле во сериозна финансиска криза дури и пред почетокот на кризата со корона вирусот. Тоа е така затоа што Владата целиот буџет недомаќински го концентрирала кон слевање на пари за изборен поткуп за изборите кој беа димензионирани во месец април. Поради партиски интереси се пристапило кон кревање на расходите во буџетот, без за тоа да има покритие. Се креваа плати за да се корумпираат целни групи, се делеле бонуси, повишоци, вработувања на државна сметка, енормно се зголемува бројот на договорни вработувања, а нема за жал раст кој што сето тоа може да го издржи и да го покрие. Поради изборите и изборниот поткуп, што би рекол народот ги пуштиле нозете многу повеќе од тоа што ни е долга чергата – рече Мицкоски.

ОДГОВОР – Ова е критика не е предлог мерки! Нејси, да одговориме. Буџетот за 2020 година Собранието го усвои со 65 гласа, значи без опозицијата, и го објави на 22 декември 2019 година, па така тој е познат на јавноста и на опозицијата. Да не го коментираме Буџетот, што не е наша немера, туку само ќе споменеме дека доколку имале забелешки на Буџетот тоа можеле да го направат на Собранието кога се усвојувал, а отпосле да се тврди дека тој бил концепиран за купување на изборите е несоодветно. Трвдењето дека поради партиски интереси се кревале расходите во буџетот, без за тоа да има покритие е смешно и тотално не разбирање на работите, едноставно расходите се проектиранни со буџетот во прецизни цифри и тие не се ниту креват ниту спуштат.

ТРИ ЧЕКОРИ НА МИЦКОСКИ

Прв чекор – Мицкоски се соглaсува со Владата за позајмување на 600 милиона евра од странски кредити, ММФ и Светска банка, за што веќе о почната процедурата.

Вториот чекор кој што всушност треба да биде и прв чекор – е веднаш да се искористат девизните резерви на Народна банка во износ од 25,2 милијарди денари или 409,7 милиони евра да се искорисдтат за санирање на економијата поради здравствената криза.

ОДГОВОР – Мицксоки, резервите наменети за ликвидност на банките и државата не можат да се користат ненаменски. Тоа се домашни извори, па доколку тие се исцрпат државата не може да се позајмува пари со нови кредити без резервите кои се гаранција за задолжувањата. Ова мерка ан блок ОТПАЃА! Да го прашаше профеаорот Славесвки тоа истото ќе Ти го кажеше.

Трет чекор – Мицкоски предлага 10 милијарди денари или 162,6 милиони евра од вториот задолжителен приватен пензиски столб да се слеат во првиот задолжителен државен пензиски столб и ќе има пензија за сите.

ОДГОВОР – Смешен предлог. Тоа е сипување од шупло во празно, тие пари во приватниот пензиски столб се приватни пари со титулар на сопственост и државата не може да ги конфискува. Второ, дали знае Мицкоски колку пари годишно се трошат за исплата на пензии? За исплата на пензиите за 320.000 пензионери годишно се трошат 1,05 милијарди евра, од кои околу 500 милиони се финансират директно од буџетот а остатокот од придонесите на Фондот. Овие 162 милиони евра се само 15% од вкупните средства и не го решават проблемот. Значи и ова мерка ОТПАЃА!

МИЦКОСКИ – Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто како и на државата. И јас подавам рака за да помогнам. И сум силно убеден дека она што го предлагаме и овие предлози кои ги нудиме е излезот од оваа криза. Затоа подготвен сум ако треба да дојдам во влада и да ги образложам, да ги одбранам решенијата, да споредиме и да се извлечеме од оваа криза, а да го аплицираме она што е најдобро за Македонија и за нејзини граѓани – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ОДГОВОР – Ова „јас подавам рака, ќе дојдам, ќе образложам„ ми личи на само рекламирање! Кратко и јасно, Мицкоски не губи време, иако имаш превише време, Твоите предлози нека ги предложи на Владата дополнителната министерката од ВМРО-ДПМНЕ, Кочовска и Трајко Славевски. Второ, Твоите предлози не вредат ниту пет пари, поарно престани да зборуваш глупости, остави го тоа на експерти кои ги познаваат работите, доколку ги има во ДПМНЕ.

ОДГОВОР на СДСМ: Мицкоски нема ниту знаење ниту кредибилитет да зборува за економија

МИСЛЕЊЕ НА ММФ: Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека новиот коронавирус ја турна глобалната економија во рецесија и оти државите треба да одговорат со огромно зголемување на потрошувачкатаза да ја избегнат потенцијалната серија банкроти.

Таа преку видео-конференцја, одржана синоќа во Вашингтон истакна дека на земјите во развој им се потребни најмалку 2,5 билиони долари (2.500 милијарди долари) финансиска помош за да ја надминат кризата.

Сега е јасно дека влеговме во рецесија, иста, ако не и полоша од таа во 2009 година – посочи Георгиева, додавајќи дека истата ќе се продлабочува и понатаму. Таа оцени дека за разлика од бавното заздравување од глобалната финансиска криза 2008/2009 сега може подобрувањето на економијата да се случи уште во 2021 година, но под услов ако се запре Ковид-19 и се спречат проблемите со ликвидноста.

Душан Димитров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e