Каде е, по ѓаволите, Никола Груевски?!

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Нешто ме чеша во прстиве, не можам да се воздржам од тоа да ви ја соопштам оваа ризична, иако опортуна теза: Никола Груевски си замина од веројатноста дека наскоро ќе го видиме во Шутка.

Да, де, човекот побегна.

Можеби, иако не, ама еве ако да, додека го читате овој текст тој веќе се појавил од зад некој агол во Шутка и скришно си се пријавил за издржување на досудената казна. Тогаш, застанете тука, не е ни важно што пишува подолу. (Иако знам дека и вас ве чеша…)

Една теорија вели дека веќе е на пат за Белизе, со нивен пасош в џебот: пасошот е светло син, со голем златен накитен грб на него, а бидејќи Белизе е членка на карипската заедница, без виза можете да патувате во Мексико, Хондурас, Гватемала, Велика Британија, Салвадор, Коста Рика… Убавини! За да добиете таков пасош, ви требаат две препораки од Белизенчани (така ли се викаат?), а меѓу оние (постои овластена листа!) кои можат да ви издадат таква препорака се и лиценцирани учители, адвокати, лекари, религиски водачи… Најубаво од сè: доколку ве фатат дека сте лажеле во апликацијата, казната е 500 факинг долари, или година дена тамошен затвор со поглед на море – наспроти погледот на џамијата на Амди Бајрам, овде!

Koлумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте јаТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e