Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за таканеречените црвени идентитетски линии во односите со Бугарија, прифатена од СДСМ, е опасна предизборна популистичка авантура која може да предизвика несогледливи штетни последици за европската иднина на Македонија. Нејзиното евентуално усвојување во Собранието како лажен консензус, кој во суштина не постои и никогаш не е постигнат, ќе ја збрише за час меѓународната поддршка кај највлијателните членки на ЕУ и на САД, а дома ќе предизвика нови конфликтни ситуации во меѓуетничките односи кои албанските политички партии веќе ги најавуваат.
Таквата резолуција, како производ на меѓупартиски предизборни игри и надмудрувања, ќе биде мевлем на рана само еден ден затоа што не претставува соодветен одговор на бугарската собраниска декларација и условувања, туку домашна патриотска предизборна трка за одбрана на националните интереси на најпогрешен начин со блокирање по наша вина на сите можности да се дојде до заемно прифатливо решение со Бугарија.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.