Јовановиќ: Заев го работи она што никој пред него ниту можеше да го прави и ниту смееше да го каже

Од денешниот изминат ден и гласање на внатрепартиските избори на членството на СДСМ, го добив следниот впечаток.
СДСМ денес е партија која ја менува земјата на подобро, а Заев е човек што на себе го прифаќа тешкиот терет од наталожените проблеми, оние кои се решени и оние кои допрва треба да се решаваат. Притоа, не само што промовира внатрепартиска демократија на денешните непосредни избори, туку промовира мир и постигнува напредок во сите области!
Денес СДСМ себе се дефинира како проевропска и реформска, како партија која ја менува Северна Македонија на подобро. Заев, ќе речам уште еднаш, на себе презема тежок товар, дури упорен е и прави многу непопуларни зафати во политиката. Заев може да каже вистина и тогаш кога таа не е популарна за уво, дури во неговото зборување понекогаш е неверојатно искрен и интелектуално чесен. Нешто на кое му се воодушевувам и стално во себе си велам, “капа доле, мајсторе!”
Заев на себе и на својот грб презеде огромна одговорност, па го работи она што никој пред него ниту можеше да го прави и ниту смееше да го каже.
Заев е човек што промовира мирен начин на решавање на проблеми и конфликти, и таквиот начин на работа кај него најмногу го ценам. И ако сме елементарно фер, сите работи што Заев ги реши се лесно мерливи и едноставни за докажување.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e