Јовановиќ: Заев е за оснажување на институциите како најголема персонификација на суверенитет на граѓаните

Заев на пресконференцијата беше на висина на својата задача. Во манирот на големите државници, човекот се залага за продлабочување на демократијата, за вредности произлезени од различните идеи и светови, за борба против корупцијата и високиот криминал во општеството, за оснажување на институциите како најголема персонификација на суверенитет на граѓаните.
Во цела нарација, Заев не гледа непријатели, шпиуни и предавници, туку гледа сојузници и пријатели. Заев во овој момент, за среќа (или за жал) е натпросечен државник, толку нетипичен за нашето општество. Со право многу граѓани внатре во нашата земја и надвор меѓу комшиите, бараат очајно некој човек како Заев.
Од друга страна, не може да се оттргнеме од впечатокот дека на сите им е доста од насилници, популисти и лажови на Балканот. На сите им е доста од политика на “цврста рака”.
Заев со својот политички габарит не само што го наметнува темпото во општеството, туку слободно може да кажам дека ќе ја промени нацијата во декади. И тоа е вистинска вредност за која секој човек вреди да се бори. Тоа е нашиот човечки и општествен капитал за нас, за нашите деца и идните поколенија. Нашиот капитал е политика на мир и пријателство.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e