Да ви кажам нешто искрено (а може ли поинаку?). Покрај тоа што пандемијата ни наметна рестрикции и ограничувања, владата на Заев е единствена сила и продолжеток на нашето европеизирање, реформи и чување на граѓанските слободи и права. Заев е чиста вредност од времето на “Шарената револуција”. Од друга страна, замислете само за момент да го немаме Заев. Што ќе имаме на политичкото поле?
Ќе имаме застранување од Европскиот пат, ако само за момент оваа идиотизирана опозиција би се прашувала за тоа по кој пат да оди оваа земја. Не може да се игра политика во сојуз со фашисти, со екстремисти, со десничари; не може ниту да се дебатира со нивните “интелектуалци” кои секоја ден или повикуваат на насилство или се “пумпаат” на лажни вести.
Заев е единствен носител на Европската политика, оттука и денешниот мотивирачки и добар Европски извештај што го добивме како ветар во грб. Тоа е што треба денес искрено да се потенцира.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ