Јовановиќ за ВМРО-ДПМНЕ: Нивната критика е јасен знак дека немаат никаква идеја за оваа држава

Во моментот во Собранието ги слушам Мисајловски, Апасиев и Јанушев. Се противат на спикерот Џафери со низа од беспредметни квалификации, опаки гадости со еден глупав, стерилен и чиновнички речник. Тоа што дерат против Џафери е обичен параван за дерење кон новата Влада на Заев, која сакаат, премногу глупаво и тенденциозно, да ја претстават за тендерашка и мафијашка. Најголемите зулумџии обвинуваат за туѓи зулуми, за немање на визија и просперитет.
Со тоа ја негираат волјата на граѓаните на Северна Македонија која изгласа и одбра Европска Влада и Европска иднина.
Предупредувам, уште на првата седница во Собранието реториката на ВМРО ќе биде гадна, опака и злонамерна. Уште на првата Собраниска седница ќе се вози филмот за враќање на 27-ми април 2017 година. Уште на првата седница лудата опозиција најавува “скратен мандат”, што значи дека овие ќе иницираат – во скора иднина – ново хушкање и поделби меѓу граѓаните.
Од друга страна, нивната критика е јасен знак дека немаат никаква идеја за оваа држава, а Апасиев, типично за сите марксисти-болшевици, му смета знамето на НАТО, Европската унија и знамето на нашата земја. Па, оттука, се поставува легитимното прашање: кое знаме според него недостига, можеби знамето на мајчица Русија, или знамето на Латинска Америка?
Опаки луѓе, злобни, да не речам “проклети”.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e