Јовановиќ за Мицкоски: На гајда да дуваше, помалку ќе беше очигледно

Мицкоски е шест дена во изолација, не мрда од дома, а се’ знае. Не се работи за неговите брифери, туку „од мајка“ е роден за демагог и манипулатор. Му ги слушав темите за кои, како и самиот вели, „имал потреба да ги прокоментира“.

Се лигави Мицкоски на сите страни, на моменти го поддржува градоначалникот на Куманово за да го поплука Спасовски, потоа објаснува нешто околу парите на Народна банка, а таа тема ја користи за да ја поплука владата, па ги коментира случувањата во Сингелиќ, за да си го пофали Наќе. Па, стварно мислам, на гајда да дуваше, помалку ќе беше очигледно.

Идејата е следна, бидејќи немаат ништо. Ниту има тука некои големи филозофии. Идејата е да се лови во мрак, да се лови во голема невоја, да се создаде слика дека владата е некомпетентна. Тие слики што Мицкоски ги пушта во јавност делуваат многу лошо за сите нас како општество.

Пред некоја ден, слушав еден опозиционен политичар во Германија, па вели: додека трае епидемија нема кај нас политика, постои само Германија и сите ние кои живееме во неа.

Значи, многу е едноставно: денес постои една партија во нашата земја, а таа се вика Северна Македонија. Сите ние кои овде живееме мора да почитуваме, да слушаме, и од таа Северна Македонија денес зборуваат најдобрите лекари и стручњаци кои ги имаме, што се покажа дека зборуваат добри, корисни и паметни работи. И мора да се престане со тоа да се користи коронавирусот така што ќе го подриваме Заев и техничката влада.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e