Јовановиќ за интерпелацијата на Димитров: Само хулигани обвинуваат храбри, паметни и образовани луѓе за “национално предавство”

Знаете зошто Антонио Милошоски и таа сурија од неспособни политичари и неранимајковци го обвинуваат Никола Димитров? Во суштина не го обвинуваа за договорите со Грција и Бугарија, или тоа дека ги “предал националните” интереси, јок, море! Тие немаат врска со паметот што се тоа национални интереси.

Тие, драги пријатели, го обвинуваат Никола Димитров затоа што е паметен, затоа што е убав како “гроф од Монте Кристо”, затоа што е угледен и затоа што си ја знае работата. Што за нив, ќе признаете, до сега никој не рекол дека се убави, паметни и на ниво на задачата, нели?

Никола Димитров е досега најпродуктивниот и најспособниот министер за надворешни работи. Зошто? Затоа што заедно со Заев се обидуваат да ја променат оваа земја која во суштина е нестварна, а во нестварни/нереални земји ништо не се менува. Нивната намера беше и остана оваа држава да биде реална, вистинска и да решава проблеми. Оти таква каква што ја оставија Милошоски, Груевски и сурија од неспособни, таква Македонија никого не го интересира, а најмалку ги интересира нејзините професионални спасители.

Интерпелацијата за Никола Димитров во суштина е тоа што Антонијо Милошоски пронаоѓа кај него вишок на смисла. А таа вишок на смисла е памет, елоквенција и јасна цел за решавање на горливи и жешки прашања. И заради тоа, Димитров го обвинуваат за “национално предавство”.

Никогаш не можете да обвините за национално предавство хулигани, незнајковци и национални идиоти. За “национално предавство” се обвинуваат паметни, образовани и елоквентни луѓе. Идиотизмот на Милошоски и таа сурија од незнајковци е само чекор од нивното приватно национално самоостварување. А Димитров не дава пет пари за своето, туку се бори за самоостварување на својата држава, а тоа е клучна разлика.

Да заклучиме: само хулигани и национални идиоти обвинуваат храбри, паметни и образовани луѓе за “национално предавство”.

Поддршка за Никола Димитров.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e