Го слушнав министерот Филипче на седницата на влада на Република Бугарија. Разумен, пријателски и добрнамерен. Ја прифаќаме помошта за вакцини на Бугарија, адресираме дека сме пријатели, сојузници и солидарни во време на масовна криза од пандемијата, вели Филипче. Борисов, пак, вели, дека сме браќа, пријатели, вели дека после избори ќе се реши спорот. Вели исто така дека ништо фатално не се случи, односно го вели она што и јас го велев пред неколку месеци: со нас Бугарите играат политика за внатре да им порасне рејтингот и во март 28-ми повторно ја добијат власта. Ако јавните зборови обврзуваат, а што може друго да обврзе политичар ако не јавно искажаниот збор (?), тогаш треба да го обврземе Борисов на овие зборови: дека е со чисто срце и дека после избори ќе го решат спорот.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ