Јовановиќ за „27 април“: Разните бетмени, дамовци и останатиот полусвет во таа сцена беа само некои занесени национал-романтичари?

“Народот сам се организирал на 27 април 2017 година”, вели Мицкоски во сведочењето пред судот. Веројатно и сам влезе во Собрание, веројатно сам стави качулки, веројатно сам се наоружа и веројатно сам се хушкаше да влезе за да убие.
Ваквите релативизации не само што се болест, туку адресираат на патолошко лажење. Разните бетмени, дамовци и останатиот полусвет во таа сцена беа само некои занесени национал-романтичари кои дошле да го цитираат и воспеваат Радјард Киплинг, немаа тие никаква амбиција да ги насочуваат толпите на злосторство!?
За лажно сведочење на суд се сноси кривична одговорност.
Лидер, пак, на голема и одговорна партија со лажење и премолчување на сопственото минато, како и лично соучесништво во “совршеното злосторство” уште помалку се станува.
Еднаш да речеше, или еден од нив да речеше: се извинуваме за се’ што ви направивме во декадата на Груевски, ќе ги гледав со подруги очи. Барем еден да се јавеше, па дури и некој сосема спореден фиќфириќ, и да се извинеше за најголемата брука и несреќа која и’ се случи на оваа земја. Повторувам, најголемата брука и несреќа во историјата на оваа земја. Само еден да се јавеше и извинеше.
Срамота, бедници! С-р-а-м-о-т-а.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e