Јовановиќ: Врескање, урлање и наместени видео-разговори не е политика, тоа е хушкање и повикување на омраза, линч и отворена војна

Бомбите кои денес излегоа на Инфомакс, ни кажуваат дека Мицкоски & боранија немаат ништо, ниту идеа, ниту понуда; немаат ништо ниту за своето членство на крајот на краиштата. Ниту знаат нешто да дефинираат, во смисла “ова сакаме, а ова не сакаме”.

Така на власт не се доаѓа. Настрана тоа, Заев денес има толкава поддршка од граѓаните затоа што ја заслужи. А како се заслужува поддршка?

Така што ги стабилизираш финансиите; создаваш работни места и покачуваш плати; се грижиш за јавното здравје преку министерот Филипче; правиш одлични договори кои се во корист на сите граѓани.

Тоа е политика, а врескање, урлање и наместени видео-разговори не е политика, туку тоа е хушкање и повикување на омраза, линч и, на крајот – латентна или отворена војна. Натаму Мицкоски ја води играта. Ама таа игра нема да му биде дозволена.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e