Нешто ве чуди со безбожните попчиња и фрлањето темјан низ нашите паланечки провинции? Немојте да се чудите, тоа е само нашата стара и пролупана клерикална десница; во време на криза, во време на мрак, повторно си ја бара својата шанса, напиша на Фејсбук Ненад Јовановиќ.
„Од друга страна, го читавте денес Мицкоски? Вели дека Македонија е втора на балканот според смртни случаи. Демек сака дополнително да ја забрза кризата, да ја поттикне хистерија, да ја продлабочи психозата, да го набеди Заев, да го пеплоса Филипче… ВМРО, а тоа повеќе пати сум го повторил, ќе го повторам и сега, чисто колку заради граѓанско предупредување: ВМРО е тука единствено за да ги растура институциите и’ да ја чека својата шанса во некоја следна криза.
Во светлина, во просперитет, во релативен мир, во некоја нормална меѓучовечка атмосфера, тие не работат, нив ги нема. Од мракот и кризата профитираат, и единствено тука ја бараат својата шанса. Така работи крајната десница.
На паметниот доста“, посочи Јовановиќ.