Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ заборава дека, во нивно време, институциите и докторите беа третирани како најобични крпи

Многу е безобразно кога ВМРО-ДПМНЕ ги фали денес луѓето од здравствената фела, на кои треба да им се дадат сите почести и заслуги во справување со епидемијата (немам никаква сомнеж во тоа), а до вчера таа партија здравството и докторите од газот не ги удираше, дури не знаеја ниту дали постојат, за денес, да видиме дека тие доктори, епидемиолози и вирусолози се нашите херои.

Сакам да кажам дека таа бедна опозиција не се грижи за никого. Ако денес им се потребни докторите и институциите за да удираат по владата, тие тоа ќе го направат. Ако така им се исплати дневно-политичката хистерија која ја шират, велам, тие тоа ќе го направат и срце нема да им трепне.

Забораваат дека државата е таа која овој пат вистински се грижи за здравствените работници. Забораваат дека во нивно време платата на тие работници од 30 илјади денари премина на 80-90 илјади денари; заборава, велам, таа опозициона беда што беше во нивно време, заборава дека институциите и докторите, па се’ до најобични луѓе ги третираа како најобични крпи.

И се ќе направат, се ќе исплукаат, се’ ќе девастираат за на крајот да дојдат до Заев. Докторите се сретство за кое треба да се дојде до Заев. Тоа им е целта. Да дојдат до Заев, а потоа него да го рушат, да го девастираат, да го компромитираат.

Измешани се лончињата на тие опозициони сомнамбули. Ништо не разбираат кога е момент за политика, а кога е момент да се грижиме за општото и поединечно здравје. Сега е време да се делува и размислува за повисока цел, а тоа е здравјето на луѓето.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e