Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски не е партија, тоа е религиски култ, секта, можеби е и тајна полиција

ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски не е партија, тоа е религиски култ, секта, можеби е и тајна полиција, кој ќе ги знае. Ама со сигурност тоа не е политичка партија. Авторитарните тенденции се појавуваат во чист облик. Имено, советничката од Битола со име Анита Ангелевска бара оставка од Мицкоски и вонреден конгрес, а овие – по примерот на сите тирани – ја разрешуваат од сите партиски функции. Натаму, ја обвинуваат советничката дека се водела од личен интерес, па уште и’ ја поврзуваат со Заев. Демек, не може некој од нашата партија да каже личен став, мора тоа да биде кој друг ако не Заев. Пресмешно!
Не сфаќаат Мицињата дека се јад и беда, дека не се никаква релевантна опозиција, а големо прашање е за кои и чии интереси работи денес ВМРО-ДПМНЕ. Ако вака брутално се пресметуваат со своите, што ќе прават кога ќе дојдат на власт? Не треба човек да биде екстра умен за да разбере дека ваква патологија не е ниту реформирана, ниту европска, а од друга страна низ примерот на советничката Ангелевска, така ја гледаат државата и своите граѓани.
Така и Груевски правеше: згази, уништи, протерај. Мицкоски и неговата боранија се опасни елементи во нашето општество. Мотивите им се многу, многу сомнителни. Големо е пршањето за кого се’ одработуваат.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e