По се’ изгледа дека разумот ќе надвладее и дека до среда Заев ќе оформи влада со ДУИ за НОВ и ЧИСТ четиригодишен мандат. Од друга страна, таа влада ќе биде важна бидејќи ќе биде исправена пред сериозни предизвици: домашна економија, ветинг во судството, правдата, владеење на право, отварање на европски поглавја, справување со корона криза… Се очекува, велам, според сите информации кои ги читам, Заев да оформи влада, а потоа сите ќе мора да дадеме силна поддршка за справување со големи и горливи проблеми кои се наталожени последните 30 години.
Важно е и тоа да се каже: денес Северна Македонија има многу пријатели и сојузници, не сме повеќе сами. Не сме имено повеќе темен и затворен вилает. Имаме пријатели во Европа, имаме пријатели во Америка.
Искрено верувам и се радувам дека конечно Заев ќе оформи влада која ќе биде државничка и влада која ќе биде на СИТЕ граѓани на нашата земја.
Сепак, после се’ – ќе не’ биде!
ФБ статус на Ненад Јовановиќ