Пандов во “Само вистина” или лаже или е ужасно информиран. Прво Србија нема вакцини. Има неколку илјади до 31 јануари, ама нема 1 милион и 800 илјади како што ги лажеше Вучиќ дека таа бројка ќе ја добијат до 31 јануари оваа година. Друго, Србија, а и Северна Македонија ќе ги добијат големите количини во март или април, а можеби и подоцна.
Не затоа што владата на Заев е неспособна, како што сака да профитира Пандов, туку затоа што денес во светот се води нова војна: богатите земји ќе бидат приоритет пред сиромашните, односно земјите од “третиот свет” ќе добијат последни. Тоа е денешното проклетство на ултра-неокапитализмот.
Пандов има лоши брифери. А пред да се слика на медиум – знам колку тоа лично му е важно – најпрво нека се информира.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ