Можеа луѓето од Уставниот суд да издржат два месеци со минимални плати, можеа да се солидаризираат со болката и страдањето на сите оние кои беа и се’ уште се загрозени. Само требаше за момент да бидат луѓе. Ако веќе ги земат целите плати, што ги запира да задржат 14.500 денари, а останатите ги донирата во буџетот за борба против корона?
Северна Македонија не е Ломбардија, не е ниту Данска, Шведска или Норвешка. Што фали еден гест од сите поединечно: функционери, судии, пратеници – нека ги донираат платите да му се невиди. Никој нема да умре ако земе два месеци минимална плата. Да даде државата? А што ние и даваме на државата за возврат? Ја поткопуваме, ја лажеме, ја рушиме. Тоа правиме. Срамно бе. Срамно.
Ќе рече некој дека сум смешен и наивен. Не, не сум. Ниеден од тие уставни судии, обвинители, пратеници и функционери не живее од таа плата. Немојте да се лажеме. Само треба да бидеме луѓе, да бидеме чувствителни за другите. Само требаше два, посрани два месеца да бидеме солидарни со туѓата болка и страдање на оние кои беа и се загрозени.
На есен што ќе правиме ако чумата се врати? Веројатно нема. Срамно и саможивно. Одвратно и самозаљубено. Фуј!
ФБ статус на Ненад Јовановиќ