Јовановиќ: #НаПравПат во модерна, развиена и демократска земја

„На прав пат“ значи дека кампањата на СДСМ ќе биде во правец Северна Македонија да биде дел од Европа, што значи дека ќе бидеме дел од семејството на демократски, модерни и развиени земји, пишува новинарот Ненад Јовановиќ.

„Додека Мицкоски екипира тимови од послушници заканувајќи се со некаква фантазерска „влада во сенка“, СДСМ излегува во поход на директни и граѓански трибини. Брзо, живо и динамично.

Апологетски ли ви звучи ова погоре (?), тоа ми го зборуваат луѓето од „јавниот свет“ во земјата. Знаете, многу луѓе донесуваат многу мал број на одлуки, а останатото го препуштаат во недефинирани состојби. Тоа, другарчиња, јас не го трпам. Барам од себе и од другите луѓето да се изјаснуваат „за“ или „против“. Тоа некои го оценуваат како притисок. Јок, море! Таков сум, ги будам од сонот, а тие не сакаат да бидат разбудени.

#НаПравПат во модерна, развиена и демократска земја. И тука компромиси нема!“, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e