Јовановиќ: Моментално сведочиме на граѓанско-интелектуално-опозиционо бесчестие

Моментално сведочиме на граѓанско-интелектуално-опозиционо бесчестие. Ваква граѓанска и распрдена елита е незапамтена во земјава. Увреденоста од полицискиот час, неможноста за шетањето на кучиња, бедните критики и што-ти-ја-знам-што-се-не-друго, претставува синоним на една прилично фриволна заедница која ништо не разбира.

Во вонредна состојба се суспендираат граѓанските права, слободното движење и другите слободи заради нас граѓаните, посебно за оние кои се најранливи, а тоа се луѓе од над 65 години.

Полицискиот час не штити од нас самите. И во вонредна состојба може владата со уредба да ми го забрани моето движење заради мојата лична безбедност и зачувување на моето здравје.

Черчил ако ја слушаше навредената “граѓанска” елита во 40-ти години од минатиот век, Германците ќе го збришеа Лондон со земја. Едноставно во вонредна состојба граѓанските права и слободи се суспендираат привремено заради спасување на конкретни животи преку карантин, изолација и самоизолација.

На паметниот доста.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e