Јовановиќ: Мицкоски живее во бајка, Заев да се тргнел, тој да дошол и ќе ги решел проблемите

Го читам Мицкоски на интервју во Слободен печат. Ако е ова алтернатива на Заев, јас сум Фад бин Абдул Азис. Читам ништо друго освен бедна и паушална критика од желудник, без никаква втемеленост, без никаква систематичност, претстава и цел за земјата и граѓаните во неа. Ниту има некое објаснување за социјала, економија, вработувања, инвестиции. Се’ уште немаат ниту некоја програма, понуда. Практично немаат ништо, ниту имаат реална претстава како ќе го вадат општеството од криза.

Свеста за неговата јавна егзистенција е следна.

Прво го бербати Заев, па институциите, па Филипче. Боже прости ми, човек добива впечаток дека овој сака да се тепа физички, па измислува некакви “возвишени работи” за Македонија, а притоа, да биде будалаштината уште поголема: ниту името на државата не го изговара правилно. А за пријатели во ЕУ и светот Мицкоски нема. Ниту има било каква вистинска и реална поддршка од Запад.

Само да се тргнел Заев и “комуњарите”, и тие ќе ги решеле проблемите. Овој човек живее во бајка. Како да се тргне Заев? Сам? Да рече: дечки, ајде да си одиме, Мицко ќе реши се’? Па такво нешто нема. Такво нешто не постои. Иницијалната идеа е дека ти треба да имаш свест, некоја идеа и некоја програма. Во политика мораш да имаш цел. А не, Заев да се тргнел, Мицкоски да дошол. Па такво нешто нема ниту во бајките на Ханс Кристијан Андерсен.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e