Јовановиќ: Куманово е дел од стратегијата на Мицкоски, Максим и бранковци за рушење на Заев

Не можам да верувам што прави Максим во Куманово, трча лево-десно меѓу бирачите, прави пакт со Мицкоски само за да стане градоначалник, а не сфаќа дека толку многу го уништува граѓанскиот потенцијал и добрите енергии не само во Куманово, туку и во цела држава.
Дури, спремен сум да одам подлабоко: градоначалничката функција на Максим и Куманово е обичен параван, главниот таргет не e “наше Куманово” (слоганот на Максим), туку главниот таргет е пад на Заев од лидерска позиција во СДСМ, а потоа, на таков бришан простор – потпомогнат од бранковистите и груевистите – да падне и Владата на нови предвремени парламентарни избори.
Ваква колаборација, ваков дилетантизам е назапаметен. Не му е на Максим важно Куманово, Куманово треба да послужи како параван за пад на Заев. А штом падне Заев, земјата се враќа во популистички бран и национализам на старо-новата ригидна и тврда десница.
СДСМ во Куманово мора да бидат будни, Оливер Илиевски, кандидатот за градоначалник на Куманово мора да ги спречи овие девијации, да ги предупреди граѓаните дека се спрема опасна ујдурма во Куманово со Максим.
Повторувам: Куманово е дел од стратегијата на Мицкоски, Максим и бранковци за рушење на Заев.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e