Јовановиќ: Кога веќе се прогласува полициски час, мислам дека треба и да се казнат сите кои шират лажни вести

Кога веќе се прогласува полициски час, а заради пандемијата од коронавирусот ја оправдувам одлуката на владата стриктно да се ограничи движењето и социјалниот живот, исто така мислам дека треба да се ограничи, или ригорозно да се казнат сите оние хохштаплери кои шират лажни вести, ја обмануваат јавноста и предизвикуваат хистерија и психоза. Дури, таквите трујачи (ги знаеме сите многу добро од кој базен доаѓаат) во овие кризни времиња мислам дека треба да бидат исклучени од јавниот живот затоа што – покрај вирусот што го загрозува нашиот живот – го трујат и менталното здравје на нашите граѓани.

Или да се казнат ригорозно, или да се исклучат од јавниот живот. Не ми е драго ова што го зборувам, ама неколку портали и неколку медиумски работници да собираат повеќе влијание од институциите, стручните лица, инфектолозите и вирусолозите, напросто е скандалозно, штетно и не служи на ништо и на никому.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e