“Цел свет се бори со короната, а лудите комуњари мислат на избори”, вели она несреќно човече Богдан Илиевски, наречен Бетмен, или како веќе се нарекуваа таквите овие денови.
Прво, важно е да се каже дека избори треба итно, или во прва можна прилика, затоа што демократијата е суспендирана, Собранието не работи, пратениците во досегашниот состав се нелегитми, владата е техничка. Што значи, освен влада – како највисоко тело на моќ – нема ниту еден легитимен законодавец. Што значи, повторувам, демократијата е суспендирана.
Влада, било која и било каде на светот, својот легитимитет и суверенитет го потврдува или губи само на избори. А, да го повториме и тоа: само фашисти сонуваат власт без избори. Тоа треба да му биде јасно на несреќниот Бетмен. И треба да им биде јасно на сите дека 27 април 2017 заврши. Со хушкање и подривање на власт не се доаѓа.
Знаат граѓаните многу добро кој и’ што работеше во време на криза и глобална пандемија. Така и ќе се одредуваат.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ