Јовановиќ: Груевски огромен имот ставил на својата мајка Нада, јер мама најбоље зна!

Се сеќавате на браќата Јарослав и Лех Качински? Toa се браќа-близнаци на Полска. Овие двајца ја владееја Полска ама немаа сопствени трансакциони сметки. Сите пари што ги крадеа од земјата која ги даде Шопен и Гомбровиќ, ги ставаа на сметка на својата мајка.
Груевски, според логиката на браќата Качински, огромен имот ставил на својата мајка Нада, јер мама најбоље зна!
Да се вратиме на браќата Качински. За две години на власт, премиерско-претседателскиот тандем, близнаци по “крв“, направија таков општ пичвајз, а Полска добива имиџ на земја во која живеат непријатни, пргави и паланечки ксенофоби кои од сите морално-интелектуални авторитети ги признаваат тупоумниот Јанко и лудиот Милојко! Тотално ги упропастија односите со Германија и Русија, однесувајќи се како со Германија да се’ уште владее Хитлер, а со Кремљ Сталин, на Европската унија и расплакаа мајче и и’ го загрозија животот на дневно ниво, не криеја дека едвај ја прежалија смртната казна, ги исфрлија сите „неподобни“ писатели од школите со образложение дека тоа се луѓе кои го трујат „народниот морал“, удираа харанга на непостоечката „хомосексуална пропаганда“, имаа извесно несогласување со Дарвин, кокетираа со ултракатоличкото и антисемитското Радио Марија кое отворено ги поддржуваше, покренаа таканаречена лустрација која се сведе на истерување на вештерки и малтретирање на недолжни луѓе.
Дали, почитувани, од ова што го напишав, има некаква врска со Груевски и мама Нада? Ако нема, ви се извинувам.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e