Сега се мислам нешто откако го прочитав овој наслов: “Не ги отпуштајте работниците, ќе дадеме пари”, вели Заев.
Знаете што, денес е тешко да си Зоран Заев, и ова го мислам баш човечки и “граѓански”. Ваков претежок крст никој не би требало да носи. Му ја скапаа главата, за малку ќе го убиеја; потоа го реши спорот со Грција буквално со насмевка, го препозна контекстот – не шибна во НАТО; сега, гледам, ќе добиеме и директни преговори со ЕУ. Уште кога го слушам како вели, “не ги отпуштајте работниците, ќе дадеме пари”, не знам луѓе што на себе да си кажам. Ова се надчовечки предизвици. Се разбира, во целава приказна Зоран не е сам. Но сепак, не знам како да ги пронајдам вистинските зборови.
Едноставно неверојатно. Мислам, да се земете ние за пример. Ќе го изведевме ли ние сето ова баш вакви какви што сме, претежно саможивни, себични и неодговорни?
ФБ статус на Ненад Јовановиќ