Погледаjте го Мицкоски што изјавува, жими се овој е комплетно полуден: „ги повикувам сите кои сакаат и можат, да ја спонзорираат ВМРО-ДПМНЕ“. Па уште вели, го повикувам Заев, Мијалков, Камчев…
Луѓе, на ова мора да се реагира. Со ваков повик за ваква „партиска феудализација“ – јас не знам дали оваа будалетинка за тоа е свесна – се подрива владеењето на право. Ваква изопачена форма за „спас за партијата“ е чиста патологија.
Второ, ваквиот повик на Мицкоски е главен извор на корупција, привилегии, а со тоа и директно подривање на владеењето на право.
Јас молам и апелирам обвинителството да се позанимава со јавните говоранции на Мицкоски. Да биде апсурдот уште поголем, утре овој човек, заедно со неговата котерија од дезориентирани и заблудени, ќе оди да протестира за правда. Ќе се бореле „за правда“ во државата.
Денес бара пари, а утре ќе се бори за правда. Да ви кажам искрено, овие луѓе не се нормални. Ниту имаат свест што зборуваат, а богами ниту имаат свест што прават. Да бараш јавно пари на прес-конференција, па тоа, извинете, само очајник може да го прави. Или некој апсолутно непресметан човек. Да не’ употребам потешка дијагноза.
Ау, човече. Брука. Еј!