Јовановиќ: Да се “рибари по душата” со дискредитација на новите луѓе на Заев е ништо друго освен чиста љубомора

На “Плусинфо”, а каде на друго место (?), во текстот, “Оваа влада на Заев не може да биде реформска со Маричиќ во неа”, извесен Андоновски за кого немаме појма ниту кој е, ниту што е, објавува пресконференција за класична дискредитација на Бојан Маричиќ, новиот министер за правда.

Прво, треба да се знае дека Бојан Маричиќ е еден од најобразованите млади луѓе во оваа земја. Второ, исто така треба да се знае дека позади себе нема никакви петна, што значи и тоа дека Маричиќ со ништо не ја повредил оваа држава или граѓаните во неа. И трето, Бојан Маричиќ не е само за денес или утре, тој човек е иднината на оваа земја. Да се “рибари по душата” со дискредитација на новите луѓе на Заев е ништо друго освен чиста љубомора, некомпетентност и незнаење.

Ви велам, Бојан Маричиќ и таквите како него се иднината на оваа земја. Луѓе со биографија и луѓе со силна волја и компетенција.

А тоа што Маричиќ протестираше во време на “Шарената револуција” за правда, значи дека правда ќе има за сите: последниот бедем на заробената држава е судството. Тамо ќе има комплетна реформа: проверката на имотот на судиите и обвинителите ќе почне штом се озваничи владата. Ќе има ветинг, ќе има реизбор на судии.

Најдобро би било ВМРО да се посветат на сопствените реформи во партијата бидејќи денес, без разлика колку е лоша состојбата во судството, нема тефтерчиња, нема фингирани случаи, нема наместени сообраќајки, нема апсење на политички неподобни, нема лудување и демонстрирање на апсолутен терор и дивјаштво.

Северна Македонија и’ со Маричиќ ќе ја биде! А на кому не му одговара оваа земја да биде нормална држава на СИТЕ граѓани, не треба човек да биде нешто особено паметен. Ене ги, врескаат на пресконференции тотални општествени анонимуси, дерат, дискредитираат и ги дефамираат најдобрите млади луѓе што оваа земја ги има.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e