Во право е професорот Ѓорѓи Спасов. Ахмети треба да ја намали својата реторика ако навистина сака да извлече најдобро решение за нашите сограѓани Албанци; а тоа е: да престане да ги етнизира македонците од двата табори и’ да го појачува национализмот на двете страни. Да објаснам пластично: националист секогаш гледа во соседот непријател. Национализмот секогаш игра со тие коњуктури, “пријател” & “непријател”.
Нека се огледа Ахмети во Заев, нека промисли добро како се постави државната политика со Грција и Бугарија, па ако Ахмети е доволно консеквентен да промислува политички, сигурен сум дека ќе го извлече најдоброто за нашите сограѓани Албанци, и конечно ќе направи Влада со премиерот Заев за нов и чист четиригодишен мандат. Така е најдобро, така е единствено можно.
Секое друго сценарио само ќе ја продлабочи агонијата и ќе создаде дополнителни конфликти во земјата.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ