Јорго на билборд

-Затоа, во паузата помеѓу лупењето пиперки и мешањето со бркалката во тенџерето, ако воопшто сакате да се замарате со мислење, обидете се да одговорите на овие прашања кои на ова место ги поставив пред неколку недели:

Дали спорот за името со Грција беше глупав уште на самиот почеток? – Да.
Дали пoради противењето на Грција одвај успеавме да станеме членка на Обединетите нации и тоа со привремено име Поранешна југословенска Република Македонија? – Да.
Дали ни се допаѓа името ПЈР Македонија? – Не.
Дали во 1995 година нашата држава прифати преговори со Грција под покровителство на ОН? – Да.
Дали преговорите сме ги прифатиле со ќеф? – Не.
Дали преговорите биле за промена на името? – Да.
Дали од 1995 година до денеска за промена на името преговарале сите македонски влади, и вмровски и сдсмовски? – Да.
Дали преговорите морале да завршат со промена на името? – Да.
Дали ВМРО-ДПМНЕ сите години додека и нивните влади преговараа за името викаше дека каков и да се постигне договор со Грција, конечното решение ќе оди на референдум? – Да.
Дали ви се допаѓа името Северна Македонија? – Не.
Ако не ви се допаѓа името Северна Македонија, дали ви се допаѓа името Горна Македонија, ако тоа е услов за влез во ЕУ и НАТО? – Не.
Или, можеби, да. Дали ви се допаѓа тоа што јазикот насекаде ќе биде признат како македонски? – Да.
Дали овој дел во кој живееме го зафаќа северниот дел од поширокото географско подрачје што се вика Македонија? – Да.
Дали само на овој, северен дел од големата Македонија, македонскиот народ во Втората светска војна се изборил за сопствена држава? – Да.
Дали само во оваа држава јазикот што го зборуваат Македонците се вика македонски и е признат како македонски? – Да.
Дали матичните и црковните книги на родените и свидетелствата на вашите баби и дедовци пред 1945 година се напишани на македонски јазик? – Не.
Дали можеме да почнеме преговори за влез во ЕУ без промена на името? – Не.
Дали можеме да бидеме членка на НАТО без промена на името? – Не.
Сакате ли во ЕУ? – Да.
Или, можеби, не.

Сакате ли во НАТО? – Да. Или, можеби, не. Дали можеме да влеземе во ЕУ и НАТО со името ПЈРМ? – Не. Дали можеме да влеземе во ЕУ и НАТО со името Република Македонија? – Не.
Дали сакате да живеете во изолација? – Не.
Дали сакате да живеете побогато? – Да.
Дали сте спремни покрај ајварот да јадете корења? – Не.
Дали сакате да живеете побезбедно? – Да.
Дали сме способни сами да си ја гарантираме безбедноста и територијалниот интегритет? – Не.
Ако не сакате НАТО да ви ја гарантира безбедноста и територијалниот интегритет, кој друг би сакале да ви ја гарантира? Русија? Кина? Србија? – Не.
Или, можеби, да.
Дали сакате поделба на државата или разграничување помеѓу Македонци и Албанци? – Не.
Дали референдумот е избор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? – Не.
Има ли раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски храброст да каже јавно „Бојкотирам“? – Не.
Сакате ли тие што 11 години краделе да не одат во затвор? – Не. Или, можеби да?
Сакате ли тие што 11 години ве крадеа и ве прислушуваа да продолжат да крадат и да прислушуваат? – Не. Или, можеби, да.
Сакате ли принципот на неказнивост на владејачката елита да остане и во иднина, па секоја нова власт да може да краде, да прислушува и да не одговара за тоа? – Не.
Дали сакате САД, Германија, Франција, Холандија, Шведска, Хрватска, Словенија, Велика Британија да ви бидат сојузници? – Да. Или, можеби не?
Дали сакате Грција, Бугарија и Албанија да не ви бидат веќе непријатели, туку кога ќе бидеме заедно во НАТО да ви бидат сојузници кои ќе ја гарантираат и вашата безбедност?- Да. Или, можеби не?

Колмната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја  ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e