Така е Николче, се’ е лага. Не знаеш колку пати ова сум го чула од другарка ти Косана на маса додека ја прашував за што се залага околу Македонија и кој и` е контактот со тебе, на кое ниво – дали е вистина дека комуницирате постојано.
И секогаш добивав одговор – се’ е лага. Истиов речник.
Но, за среќа имам доброупатени луѓе кои друго ме информираа, дека не е баш така. Додуша самата се фалела низ градов. Не додржува, ја мава адреналин, ја знаеш каква е.
И, како си пројдовте во Будимпешта?
И уште ова да ти кажам, маци.
Ако само видам у моја околина некој ,,твој”, во радиус од 100 метри, ќе оди се’ медиумски. А, ти прашај си што е тоа – се’.
Па, нек надојде Вардар.
Ја имам право да се бранам, ќе се бранам и ќе одам до крај.
Јорданка Ивановска-Јоци