Го седнав бившиот премиер во скапиот мерцедес, ај му викам, ќе те носам да го видиш автопатот од Демир Капија до Смоквица, толку пари фалат, можеби, ќе се сетиш во која дупка се закопани, тргнавме в среда околу десет, а бе не го поминавме Катланово кога не фркнаа тоа главите, што да ви кажувам, ова што го доживеал Урко во стариот мерцедес е пичкин дим во споредба со нашите болки, шофершајбната зрачеше како кобалт бомба, до пататарината кај Езерото “Младост”, Груевски нарасна како да беше седнал на некаков џиновски квасец, стана како кукла на надувување, бицепсите му ги скинаа ракавите на палтото “Бриони”, така напумпан почна да ми личи на бившиот телохранител, на сите дисплеи, во три амбиенти, шипка, во када и во судница, стрип-тиз во колата играше Добрила, но и тој перформанс не ја намалуваше мачнинатато ја чувствувавме двајцата, за малку ќе го промашевме тунелот по Демир Капија, го згрешивме патот ми рече Никола, како, бе, го згрешивме, нема друг пат за да го згрешиме, го згрешивме, ми вика Никола, во тунелот нема трубачи, по тоа знам дека не сме на прав пат, можеби се на другиот крај од тунелот, му викам, да, ми вели тој, ако е така тогаш ова е тунелот за кон Скопје, па добро, му реков тогаш те возам за Скопје, барем ќе стигнеш да се јавиш на денешното рочиште… но патот е тој, по парите ќе дојдеме друг пат, ама сакам да ти кажам дека кога ќе се вратиш на власт под итно мораш да купиш нов мерцедес, ова срање од 600.000 за кур не го бива, џабе сте фрлиле толку пари.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски