Зборувам во мое име, мој личен став
Парите факт е дека се битни и за жал многу потребни во ова денешно време невреме. Но….
Најголемата награда за мене како здравствен работник секогаш, а особено во оваа корона ситуација е оздравен пациент. Во ред, разбирам дека паричната награда е еден вид благодарност за целиот труд, но тој труд кој ние го вложуваме е нормална реакција на Хипократовата заклетва.
Да, отсуствуваме од дома, не сме биле речиси нигде освен на своите работни места, се трошиме а веќе ја започнуваме втората половина од епизодата наречена живот. Но во државава има многу на кои тие пари премногу ќе им значат. Се почесто гледам празни излози, затворени дуќани, “локалот се издава”. Тоа значи дека многу луѓе останале без работа, многу семејства кубурат месециве, секојдневно мозгаат како да платат сметки. Тоа пак повлекува доста нервоза, расправии, тешки моменти.
Така да нека заврши ова па наградувајте. Има време за награди. Сега е потребно државата да помогне онаму кај што е најпотребно.
Џабе се парите ако гледаме како комшијата секое утро со солзи во очите и некој далечен празен поглед се чуди како ќе врзи крај со крај. Треба на сите да ни е убаво.
Чувајте се, почитувајте мерки и да се видиме и гушнеме што побрзо.
ФБ статус на д-р Денис Јанкуловски