Вирусот се шири низ населението со брзина која е рационално сфатлива, но концептуално неприфатлива за мозокот. Едноставно мозокот не прифаќа дека за само неколку денови, недели или месеци ова пролетно спокојство може да се претвори во болнички пекол и системски колапс.
Жестината со која уште ја тресе Италија само покажува дека единствен можен одговор засега е порадикална самоизолација и уште порадикални рестрикции. Во спротивно, нѐ чекаат полни стадиони и спортски сали со болни. Впрочем, некои од соседите веќе се спремаат за такво сценарио.
Притоа многу е важно да се задржи и ментално здравје, затоа што ќе ни бидат потребни сите ресурси на стабилност, трезвеност и солидарност за периодов што следи.
ФБ статус на Слободан Јаќоски