Меѓу улицата и социјалните мрежи, како меѓу чеканот и наковалната, Мицкоски би ја избрал улицата, иако не се прослави таму. Тој се спротивстави на предлогот на Заев за онлајн кампања, на социјалните мрежи. Зошто?
Мицкоски многу пати повтори дека не сака премиерска функција ако цената за тоа е само еден човечки живот. Го повтори тоа толку многу пати и во(н) секаков контекст, човек да почне да се сомнева. Или многу сака да биде премиер или многу знае дека нема да биде премиер, ми вели еден комшија. А да му беше до човечките животи, можеше да се договорат со неговиот технички министер да преземе мерки да не се доведе во крајна опасност здравјето на тие неколку стотини ликови на верската дешавка во Струга. Ќе се воздржеше од нелегална посета на неговата омилена теретана, немаше да одржува или поддржува други масовки…
Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.