Извинете се за злосторот

„Абе овие луѓе зошто си играат со оган? Зарем тие немаат поважни работи, како на пример, воспитување на своите деца за да нема повеќе војни“, Ерих Марија Ремарк

Вие кои што од 1991 до ден денес не ги признавате придобивките од Народно Ослободителната Борба!

Истите, Вие кои што ги менувавте имињата на улиците кои беа именувани по имињата на борците од НОБ!

Истите, Вие кои што на 21-та Конференција на УМС на 15.09.2012 година пред тогашниот претседател Никола Груевски во еден глас се откажавте од делото на Гоце и Даме, воздигнувајќи го делото на Тодор Александров, пеејќи ја песната „Кога ќе те питам бабо“, на што плуски ви никнаа на дланките ракоплескајќи.

Истите, Вие кои што први извадивте бугарски пасоши, а со самото тоа во тој момент сте ја признале заедничката историја на овие две земји, денес плукате по Декларацијата и Договорот, по наредба на партијата на социјалните мрежи. Но кога ќе имате потреба да ја напуштите Македонија, тогаш ја напуштате со пусулчето со кое сте станале бугарин. Јас, да речеме ја разбирам причината, во поголем процент зошто наши сограѓани ги извадиле тие бугарски пасоши, но не го разбирам денешниот лажен порив на патриотизам.

Истите, Вие кои што молчевте и сеуште молчите, ветивте а се уште ништо не направивте, кога на 8-ми Август 2015 –тата година, директорот на Музеј галеријата, Петре Камчевски во посета на споменикот на „12 Ваташки Скоевци“, забележал дека од самиот споменик е украден бронзениот релјеф. Ден денес не се пронајдени злосторниците од сквернавењето на споменикот.

Истите, Вие кои не писнавте кога од Општина Кавадарци, се тргна сликата на „12 Ваташки младинци“!

Истите, Вие кои што во 1999 година ја величевте Заедничката Декларација потпишана од тогашниот Министер-претседател на Владата на Р.Бугарија, Иван Костов и тогашниот Претседател на Владата на Р.Македонија, Љупчо Георгиевски, во исто време и претседател на ВМРО ДПМНЕ во кој се колневте, за кој со денови раце не миевте раце ако се поздравевте со него!

Истите, Вие кои денес кога сте во Македонија плукате по Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој е направен по теркот на Заедничката декларација. Но кога сте во Р.Бугарија, истите вие улизувајќи се кон тамошните политички водства се гордеете со овој договор.

Истите, Вие кои со години ја менувавте историјата, ширевте зла крв и пизма , престанете тоа да го правите и понатака. Човечки е да се згреши. Но доблес е кога ќе ја прифатите грешката и ќе се извините. Тоа е она што Премиерот Зоран Заев го направи, доблесно се извини. Но кога ќе се извините Вие, за голиот популизам и политиканство!? Да водеше политика на популизам и националистичко хушкање, немаше да стигаат позитивни ноти од сите земји членки на Унијата, немаше ние да бидеме добрите, а Бугарија лошата, туку ќе беше обратно., како во минатиот систем на владеење.

Но да се навратам на Договорот. Што е различно во споредба со Декларацијата потпишана во 1999-та. Клучен напредок е основање на на „Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на паритетска основа“ со што им се одзема сувереноста на толкувањата на политичарите, кој се предвидува во параграфите (1 и 2) во членот 8 од Договоро. Како и голем напредок на Договорот во однос на Декларацијата, е параграфот (3) од членот 8 на Договорот во кој се предвидува ( заедничко чествување на заеднички историски настани и личности). Што тоа значи?

Тоа значи дека според параграф (3) член 8 од Договорот, кога, ученици на основното училиште „Димката Ангелот Габерот“ од Ваташа, во еден глас ќе ги рецитираат стиховите од песната „Цветови“ на Славко Јаневски:
В Тиквешко негде, в некое село,
Кај в слана тивко венеше цвете,
– Убија дете.

Премиерот на соседна Бугарија треба да се поклони пред споменикот на „12-те Ваташки скоевци“ и да се извини за извршениот грозоморен чин, извршен по наредба на фашистичкиот окупатор. Тоа би претставувало чин на помирување, чин на признавање и извинување, нешто што Германија го направи многу одамна. Точно е дека сегашна Германија не е виновна за постапките, злоделата и одлуките на тогашна Германија, водена од Хитле. Точно е дека денешна германија не е виновна за Холокаустот, но ден денес го осудува. Точно е дека сегашна Бугарија не е виновна за постапките и злоделата на тогашна Бугарија. Но некогаш треба да ја имате доблеста како народ и држава, да излезете и со крената во овој случај со наведната глава да ги прифатите фактите од историјата. Само на тој начин, поклонувајќи се пред фактите на историјата, растеретени од секојдневните политички фустрации можеме да градиме добрососедски односи со Р.Бугарија и бугарскиот народ.

Темелите на државноста се изграден врз антифашизмот. Со одлуките од АСНОМ и АВНОЈ се потврдува нашата државност. Со одлуката на АСНОМ се потврдува постоењето на македонскиот јазик.
Секое силување и извртување на историските факти, од страна на официјална Софија за кои што сеуште има живи сведоци, дополнително ќе водат кон продлабочување на предизвиканата политичка криза, како и растење на анти- бугарскиот и анти-ЕУ сегментот.

Сашко Петров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e