Изгласајте иднина, па на работа

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ерол Ризаов за Независен:

-Избезумува мислата дека е можно во Македонија да се случи катастрофа поради еден или неколку гласа во Собранието со цел да се уништи иднината на една напатена од страдања, војни и секакви други порази, сиромашна земја. Можат ли тоа злосторство да го направат неколку луѓе свесно како мирновременски геноцид врз сопствениот народ и држава. Тоа нема да биде веродостоен резултат на демократско парламентарно изјаснување со недостиг на една „крената рака“ или непритиснато зелено копче. Тоа не е демократско право само на еден или двајца луѓе гарантирано со устав, туку атентат на малцинството врз Македонија и врз мнозинството граѓани. Осмислен, планиран и инспириран од врвот на политичка партија, чии корени длабоко задираат во црнилата и големите несреќи од минатиот век. Повеќедецениското величање на ВМРО со историски фалсификати и митови изнедри како наследник политички монструм кој ја подготвува последната одмазда да ја попречи историската закономерност, да го запре времето и да ја оневозможи новата ера и европска перспектива на земјата како пристојна држава во лигата на народите.

Може ли по третпат само за еден месец да се повтори злокобното пребројување на гласови „за“ и „не“. Ќе гледаме ли пак на собраниската табла како истипсани комарџии во најголемиот рулет на коцкарска Македонија. Може ли да се игра на сè или ништо на бројот 80. Чиј имот ставаат овие луѓе како влог во кој може да се изгуби сè ако падне бројката 79. Таков ризик не прифаќаат ни најголемите зависници, бидејќи ни коцкарскиот морал не дозволува кукавички напад врз сопствениот народ и врз сопствената татковина. Кои се тие анонимни и непознати пратеници за широката јавност чии имиња сè уште се затскриени зад неколку букви кои означуваат несреќи и лажна историја. Може ли тоа да се препушти на нечија добра волја, суета, незнаење, слепило и одмазда на откриените грешници. Не, таков ризик не смее да се дозволи кога влогот е државата и сите граѓани, без оглед на нивната национална, верска и политичка припадност. Пропаста на европската иднина на ваков начин е всушност капитулацијата за која непрестајно зборуваат заговорниците на подобри решенија кои никогаш ниту ги слушнавме ниту ги видовме.

Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e