Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски за Призма:
-Попис никако да направиме, ама се чини дека пак ќе се пребројуваме. И овојпат на – избори. Кај нас, за волја на вистината, изборите, барем во последната деценија, никогаш не биле избор, туку – пребројување: кој не е за нас, тој е против нас. Кој не е предавник, тој е патриот.
Но, овие избори, ако дојде до нив, сепак нема да бидат обични, туку ќе бидат токму тоа – судир на два крајно различни и, би рекол, непомирливи концепти за устројството на државата и нејзината иднина. И еден концепт би морал да биде целосно поразен, бидејќи во спротивно состојбата ќе биде, едноставно, неодржлива – ќе влеземе во еден непрекинат, маѓепсан круг на вечни избори што ништо нема да решат.
Во суштина, евентуалните избори најмалку ѝ одговараат токму на партијата што ги предизвикува – на ВМРО-ДПМНЕ. Разјадена однатре и однадвор, лишена од вистинските полуги на одлучување, со која раководи сѐ уште политички недефиниран лидер, оваа партија буквално се наоѓа меѓу чеканот на избрзаното отфрлање на Преспанскиот договор и наковалната на неспремноста да се излезе на избори.
Дури, еве, да го освои истиот процент гласови и повторно да биде најбројна партија во Парламентот, тешко може да се претпостави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе може да покаже коалициски капацитет да состави влада. Без оглед на нивните наводни приближувања до партиите од албанскиот блок, сепак круцијални се разликите во стратешките погледи на иднината на оваа земја, така што тешко во овој момент може да се замисли една таква коалициона влада.
Колумната во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.