Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:
-Претседателот на државата Ѓорге Иванов го има пред себе ратификуваниот договор со Грција изгласан во Собранието на Македонија. Ја има прочитано и веста дека на следниот состанок на НАТО, Македонија е на дневен ред да добие покана за членство на НАТО. Претседателот Иванов е врховен командант на вооружените сили на Република Македонија и добро ги знае позициите на АРМ и на Македонија кон НАТО и партнерските односи, учеството во мисиите на НАТО на македонските војници и старешини и ја знае поддршката што ја добива АРМ од Алијансата. Претседателот Иванов го знае и значењето на членството во Североатлантската алијанса и што значи тоа за стабилноста и безбедноста на Македонија, но и за надминување на опасноста од поделба на државата. Тоа се само неколкуте најсуштествени работи што треба да бидат императив веднаш, без никакво одлагање, да го потпише ратификуваниот договор
Претседателот Иванов би требало да е свесен за неговата одговорност ако стави вето на иднината на Македонија, особено што и без негов потпис сојузништвото со НАТО е готова работа и ништо не може да ја попречи, освен ако во Грција при ратификацијата во нивниот парламент не се најде оправдување да не се прифати договорот иако е ратификуван поради отсуство на неговиот потпис.
Затоа, претседателе, не размислувајте ниту една минута повеќе – веднаш одобрете го историскиот договор, иако со ништо немате придонесено до дојде до негова реализација. Напротив, направивте сѐ да го оневозможите и да ѝ наштетите на својата татковина од местото претседател на државата, што е случај без преседан во парламентарната историја на Македонија.
Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.