Имитација на уметност

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Тешко му оди на Зоран Заев со оваа влада. Составот е раштиман, политиките делуваат неусогласени, разни помали и поголеми афери секоја недела… Во неа има големи работници и некои за кои не сте ни чуле дека доаѓаат на работа. Шарено друштво, малку раштимано.

Очигледно, големата вложена енегија и тежината на расплетот на политичката криза врзана за спроведување на Договорот од Преспа си го зема својот данок. Прогресивно.

Заев вели дека нема да има реконструкција на составот на владата, туку можеби само некои рокади, малку средување на мејкапот на врвот од власта. Манчевски, пак, кој пред некој ден најавуваше некаква реформа за вработените во администрацијата, инсистираше на тоа никој да не се секира, бидејќи ниту еден немало да биде отпуштен од работа. Само лабаво, овде да си вработен државно е како да си бела мечка заштитена со меѓународните конвенции на ОН!

Всушност, мислам дека барем еден дел од проблемот на Заев е што живее во туѓа реалност за тоа што и како треба да го прави владата, создавана и моделирана од страна на Груевски. Своевремено, ВМРО-ДПМНЕ успеа за неколку години на власт да создаде партиска армија во администрацијата – тоа што Заев го нема – којашто, потоа, ја надгради со голем и скап пропагнден апарат – тоа што Заев го нема – па таа комбинација на тапанари и озвучување произведуваше постојана врева, пресинг кон јавноста за сенешто, катаден. И од најобични владини оперативни обврски се произведуваа наративи како којзнае што да се случува! Постојано некој држеше прес-конференции и читаше соопштенија – де во министерствата, де во партијата – а речникот беше толку ескалиран, што и ако заврнеше краток пролетен дожд, мислиш голи жени паѓаа од небо!

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e