Тукушто објавената Анализа на една од највибрантните и најсериозни невладини организации во Македонија, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦ) од Скопје, во соработка со демо-христијанската германска Фондација „Конрад Аденауер“, посветена на македонскиот евро-интегративен процес, покажува трендови во ставовите на македонската јавност кои можат да ве загрижат или да ве орасположат, во зависност од тоа каде припаѓате на етно-политичкиот (за многумина и на партискиот) хоризонт на македонската политичка сцена.
Авторите на Анализата нудат триесетина релевантни заклучоци, произлезени од нивните истражувања и експертски толкувања, кои е невозможно, овде, во целост да се презентираат, но неколкуте најзначајни добро ја сумираат моментната слика на нашиот однос кон ЕУ.
За почеток, Анализата покажува дека во 2020 година дошло до стопирање на долгогодишниот тренд на опаѓањето на овдешната поддршка за членството на земјата во ЕУ, со близу 70% од популацијата која го поддржува тоа членство (4% повеќе од претходната година), со тоа што иако кај Македонците (дежурни депресивци – моја интерпретација) е воочен поголем песимизам за процесот, меѓуетничкиот јаз генерално се намалува. Од друга страна, загрижувачки е заклучокот дека расте бројот на евроскептични испитаници меѓу најмладите, иако се зголемува бројот на граѓани кои веруваат дека Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ во наредните десетина години.
Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.