Има ли опозиција во Македонија?

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

-Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ работи со истото темпо како и порано. Како и не би, кога и новиот закон за финансирање на партиите им овозможува и ним и на другите големи партии комоција врз грбот на граѓанките и граѓаните. Секојдневно имаат најмалку десет соопштенија или текстови, а за време на викенд вообичаено стигнуваат до седум на ден. Не разбирам како, ни после толку „длабински анализи“ што ги најави Груевски пред да замине (формално) од функцијата поради презафатеност со СЈО, не им текна да сменат нешто во пристапот…

Секое нивно соопштение е потсетник дека ги крчмат парите за кои се испазарија со власта, а со тоа го штедат богатството што го приграбија за време на криминалниот режим на Груевски. Но, платил овој народ толку многу за нив, може уште неколку милиони да плати за нивните спинови.

Поентата е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ, едноставно, нема кредибилитет да критикува било што. Голем дел од нивните критики се однесуваат на состојби наследени токму од нив. Веќе со оваа поента може да завршиме и на оваа констатација да ѝ ставиме една голема, мрсна, црна точка. Нема што да се објаснува, доволно е да се погледне што сѐ направија и што сѐ не направија.

Пред да го свртиме вниманието кон изненадувачки нискиот интензитет на вистински реформи од сегашната владејачка коалиција (од која стратешки дел беше ортак во паднатиот режим), мораме да расчистиме со нашето најблиско минато… А тоа најблиско минато, никако да се помири со поразот и да стане минато, туку ја загрозува сегашноста и уште повеќе – иднината.

ВМРО-ДПМНЕ е несериозна партија, најблаго кажано. Јавноста не може да прифати критика од нив, бидејќи не се вистинска опозиција, туку се структура киднапирана од група луѓе кои се под истрага или се на суд за тешки кривични дела. Своето бројно членство го користат како штит за заштита на лични интереси и богатства. Македонија, всушност, и нема вистински парламент, туку една мешаница од интереси и битки што не гарантираат многу демократија.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e