Остана уште дваесетина часа до рокот што ни го даде Бугарија да ја прифатиме нејзината историска вистина, а единствено што успеја да постигне тамошната влада околу Македонија – е да ѝ се смее целата меѓународна заедница
Спорот што почна како закана за вето и што Македонците сериозно го сфатија и се исфрустрираа на почетокот, сѐ повеќе се претвора во хумористичен серијал кој ја отвора дилемата кај нас – знаат ли во Софија воопшто што прават и зар е можно да веруваат дека ова е начинот нешто да постигнат?
Изјавите што стигнуваат од оваа соседна држава, а особено таа на министерката Екатерина Захариева за славењето на Јосип Броз Тито, го урнаа митот за Бугарија како добро развиена држава. Па, ние мислевме дека по повеќе од една деценија како членка на ЕУ Бугарија напреднала, а ова што го гледаме е една жална слика на политички заостаната владејачка гарнитура која сака со ефтини националистички штосови, и тоа без некој концепт, без проценка за реалноста, без проценка за можната поддршка, па и без проценка дали нешто од тоа може да се оствари, да ја фрли Македонија на колена пред вратите на Унијата.
Толку е жално и смешно ова што го прават Захариева, Красимир Каракачанов, Андреј Ковачев и други експонирани бугарски политичари изминатите две недели што не е далеку денот кога ние самите ќе побараме да ни стават вето, од жал колку се исфрустрирани од нашето читање на историјата. Листата на историски личности и настани што сега ги негира Софија стана толку долга и толку променлива, па додека да се одржат изборите во Бугарија, тоа што почна со спорењето на Илинден, па на Гоце Делчев, па со спорењето на 11 Октомври, 13 Ноември, со посвојувањето на Кирил и Методиј и слично, ако се надградува со вакво темпо ќе стигне до Боки 13, бидејќи и неговата кариера има бугарски корени.
Целата колумна на Слободанка Јовановска за Независен на следниот ЛИНК.