Што ни покажа таканаречената координативна средба на политичкиот врв околу прашањето за државното име? И многу и ништо. Ништо, во смисла дека пошироката јавност околу решението на спорот со името знае исто толку колку што знаеше и пред оваа средба, односно не знае ништо!
А многу – затоа што покажа некои нови, за нашата политичка практика прилично непознати тенденции во водењето на политиката. Прво, заколнатите политички непријатели се сретнаа на лидерско ниво и разговараа повеќе часови, а без при тоа да имаат потреба од меѓународни олеснувачи, што е преседан во поновата македонска политичка историја. Во таа смисла, за мене, оваа средба претставува поголем напредок, да не кажам чудо, отколку средбата меѓу Заев и Ципрас, на пример.
Се разбира, сето ова не е доволно за да се реши проблемот, бидејќи како и во секој друг проблем и тука има – друга страна. Или дури и повеќе страни, без оглед што прашањето со името го именуваме како „билатерално“. Она што дава надеж е фактот дека по повеќедецениското одолговлекување со времето и тактизирање на меѓународен план се чувствува сериозен замор на материјалот, кој има тенденција да расте со аритметичка прогресија
Целата колумна на Ѕвездан Георгиевски за Призма, прочитајте ја на следниот линк.