Со храброст за живот

Во живот за да се успее, пред се мора да се има храброст за да се донесуваат брзи одлуки, а многу често и ризични. Понекогаш блиските околу Вас не Ве ни разбираат, некогаш дури не Ве ни поддржаваат во тие одлуки.

Вакво е делувањето на Зоран Заев и неговите најблиски соработници во политичкиот живот последните 15 години. Во 2004 година Зоран Заев влегува во парламентот како пратеник од 14 позиција во 4 изборна единица на листата на Коалиција „За Македонија Заедно“ (немаше некоја позначајна улога во тој период). Во 2005 година е избран за градоначалник на Струмица, Заев со своите храбри одлуки направи секој Струмичанец да се гордее со својот град. Среден град, исчистен, изграден и одлично место за живеење и за забава.

Во 2013 година Заев е избран за Претседател на СДСМ (во 2009 година неколку месеци беше В.Д. претседател), тој веднаш реши дека неговата екипата ќе биде составена од млади, амбициозни и посветени луѓе. Повеќето од нив беа од  внатрешноста на државата и Скопското крило беше сведено на минимум, ова беше навистина храбра одлука бидејќи дотогаш беше незамисливо раководството на СДСМ во кој нема да доминираат луѓе од Скопје (дури затоа СДСМ стана елитистичка партија). Имаше многу критичари кои неверуваа дека воопшто  СДСМ некогаш може да се врати на Власт. Но тој заедно со соработниците и покрај огромните критики храбро остана на својот концепт.

На 27. 04. 2014 година во 19 часот на Прес-конференција Заев не ги призна резултатите од изборите, лично знаев дека тоа е тоа дека е почеток на рушењето на режимот (бидејќи по самото делување претходно, знаев дека нешто големо ќе се случува). Тоа во почетокот беше една голема неизвестност, многу луѓе беа скептични, во партијата, кај меѓународниот фактор, кај граѓаните. Не веруваа дека може нешто да се промени. Заев со своите соработници, почнаа да влечат храбри потези, понекогаш и ризични и на почетокот немаа голема поддршка во тие одлуки. Есента 2014 година Заев првпат изјави дека има материјали со кои ќе го сруши режимот. Пак почнаа со скептичност и исмејување, еве го овој муртинецот пак нешто се замислува, сака да биде смешен. Заев си иташе кон зацртаната цел и храбро да го остварува концептот. Тогаш почнува неговата лична голгота за него и неговото семејство, како и за неговите соработници и нивните семејства, но тие храбро опстоија,  воопшто не се поколебаа и не помислија да се откажат

Во фебруари 2015 почнаа со презентирање на бомбите, пак велеа ништо не им може, неможе да ги промени, на 10 април 2015 во Брисел беше донесена многу храбра, но клучна одлука, после 15 часовно убедување, дури и со притисоци да се согласи на услови по кои ќе бидат организирани ибори. Не прифати и изддржа.

Успеа да Не сплоти сите заедно на голем митинг на 15 мај, сите заедно без предрасуди на едно место бевме од сите вери и националности, иако само една недела пред тоа се случи „Дивљо Насеље“ и иако беа скептични дека може да успее ваков концепт. Започна Кампот на Слободата, каде во шатори Заев не сплоти сите, здружени и издржавме 60 дена под ведро небо.

На 15 јули цела ноќ чекавме исход од преговорите и пак нешто небидува, готово ќе се договорат, ќе се спасат. Но, пак Заев со своите храбри потези доби договор, со кој подоцна го соборивме режимот со пенкало.

На почетокот на 2017 година преговори за Влада и сите пак еве тие ќе формираат Влада и ништо не бидна, но по тешки, мачни преговори и заради храбри одлуки на Заев се обезбеди мнозинство за Владата.

На 27 април 2017 година кога извршија упад во Собранието, Заев не побегна туку остана заедно со своите соработници, храбро ризикувајќи ги и своите животи.

Се формираше Владата, по потежок и мачен пат, но Заев успеа, сега почнаа и храбрите одлуки со кои ќе се дојде до подобар живот за сите.

Во август 2017 година се потпиша Договорот со Бугарија, пак критики и омаловажување за Заев, но тој храбро продолжи.

Во јуни 2018 се потпиша Преспанскиот договор, со кој конечно сме признати како држава и народ, воедно Ни се отворија вратите за НАТО и ЕУ, ова ќе беше невозможно без храброста на Заев, кој воопшто не мислеше на својата политичка иднина, туку само на иднината на државата. Беше растргнат од критики и навредувања, но пак опстои.

Во обидот да обезбеди двотретинско мнозинство Заев покажа голема храброст и истрајност (од 49 пратеника собра 81), пак го растргнаа, критикуваа, омаловажуваа, навредуваа, но неуспееа да го поколебаат и тој со истрајност и многу енергија најде потребно мнозинство за ратификација на Договорот .

Сега на ред е економијата (иако имаше и лани успешни работи), верувајте дека Заев со истата храброст и енергија ќе се зафати со подобрување на животот за сите. Ќе донесе многу ризични и несфатливи одлуки за повеќемина, ќе биде критикуван, исмејуван и навредуван, но тој ќе чекори кон зацртаните цели, цели кои ќе донесат подобар живот за сите.

Заев и во ова ќе успее, како и досега што успеа, бидејќи тој државата ја гледа каква ќе биде за 5-10 години, а каква е денес. Затоа тој донесува храбри одлуки, кои сега за повеќемина се незамисливи. Сега сите се скептични и на ова гледаат со резерва, да не кажем со потсмев, но, само следете ги процесите и самите ќе се уверите дека и ова ќе заврши успешно. Ќе се подобри квалитетот на животот на сите. Исклучителната храброст ќе донесе живот за сите.

Зоран Ангеловски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e