Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:
-Додека Зоран Заев во Вашингтон ги примаше изразите на поддршка од потпретседателот на САД за македонската официјална прозападна политика, еден друг македонски врвен претставник на државата отиде во САД за таму, пред репрезентативната македонска националистичка дијаспора, да ја формализира својата лидерска позиција на антизападното движење во Македонија. Тие, во ирански стил, се залагаат за смрт на САД и на нејзината глобална политика. Хорхеху акбар!
Всушност, претстојниот референдум е токму наменет за поддршката на таа западна демократска ориентација за Македонија: да може и, барем формално, највисок државен функционер на некоја земја да отиде во Вашингтон, Лондон, Берлин или Париз и таму, буквално, да чучне и обилно да се олесни врз политиките и заложбите на западната демократија, а тие земји да му обезбедат протокол и обезбедување за комотно да ги бербати нивните кристално јасно формулирани интереси во однос на земјата што ја претставува односниот функционер.
Оти, замислете некаква обратна ситуација: да отиде највисок функционер на Македонија во Москва, на пример, и таму јавно, пред публика, да агитира за интересите на НАТО и против интересите на Русија?! Што мислите, како ќе си помине? Па, Русите комерцијално летаат до Лондон за да стават плутониум во чајот на оние кои ги сметаат за непријатели на нивните интереси; за антируско однесување во самата Москва, пак, ќе ви го начукаат плутониумот анално, во вид на штангли за нуклеарен реактор. Ако ве штити дипломатски имунитет, ќе ви намачкаат вазелин, од почит кон Виенската декларација за регулирање на дипломатските прашања.
Тоа е таа мала разлика околу која идниот викенд ќе се решава долгорочната судбина на Македонија. Влоговите се толку големи, што не остана меѓународен пријател на Македонија, без разлика на својата домицилна конзервативна или социјалдемократска политичка ориентација, што нема да ни се обрати макар со писмо или преку видео порака. Таа богата библиотека на меѓународна поддршка е преседан во модерната историја на оваа нација и држава, нешто што ќе остане да живее и да се проучува и откако референдумот и уставните промени ќе бидат далеку зад нас.
Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.